Connect with us

Спорт

ЕП ракомет 2018: Приведени десет лица во Сплит

Хрватската полиција од далматинскиот сектор соопшти дека пред, за време и по натпреварот меѓу Хрватска и Србија одигран синоќа „Спаладиум Арена“ во Сплит, на првиот ден од Европското првенство во ракомет, не беа забележани посериозни инциденти, прекршувања на јавниот ред и мир, или оштетување имот.

Во соопштението се додава дека вчера пред, за време и по јавниот собир, вкупно се приведени 10 лица поради престапи според Законот за спречување на нереди на спортски натпревари.

На првиот ден од ЕП 2018, пред повеќе од 10.000 гледачи, Хрватска ја победи Србија со резултат 32:22.

Актуелно