Connect with us

Спорт

(ВИДЕО) Македонија ја победи третата репрезентација во светот

Со голема напнатост заврши натпреварот меѓу Македонија и Словенија со резултат 25:24 со победа за Македонија.

Во текот на второто полувреме Македонија водеше со два гола разлика, потоа резултатот се изедначи и до крајот беше целосно неизвесно.

Првото полувреме меѓу Македонија и Словенија заврши со резултат од 11:11 во рамките на Ц-групата на Европското првенство што се одржува во Загреб, Хрватска.

Словенија водеше цело време со два гола разлика, а пред самиот крај на полувремето Македонија го изедначи резултатот.

Македонските ракометари ги бидат бодрени околу 2.000 навивачи, а Словенија има помош од околу 5.000 навивачи.

По завршувањето на дебитантскиот натпревар за македонската селекција, во микс зоната првиот став го искажа нашиот селектор Раул Гонзалез. Мирен и покрај победата над Словенија, Шпанецот не креваше еуфорија

– Ја победивме Словенија, сега имаме два бода. Треба да се подготвиме за Црна Гора. Задоволен сум од сите мои момци, ја победивме третата репрезентација на светот, рече тој.

Актуелно