Лазаров: Клучот за победа беше нашата публика

Македонија имаше големо отварање на Европското првенство, нашите ракометари ја победија Словенија која на овој турнир пристигна како трета селекција во светот.

Капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров вели дека по победата над силната селекција Словенија, Македонија треба да остане на земја и и да продолжи да игра со срце.

„Клучно за нашата победа беше публиката, се чувствувавме како да играме дома, на наш терен. Големата бројка на наши навивачи ни даде мотив да го оставиме срцето на терен, не смеевме да кикснеме за нив“, вели Лазаров по натпреварот.

„Победивме голема репрезентација, која игра цврст и борбен ракомет поради што се чувствувам како да сум одиграл два меча, а не еден. Луѓето кои разбираат ракомет знаат колку беше тешко. Вујовиќ постави гранитна одбрана и ни беше тешко да играме“, додаде тој.