Митревски: Не сум клучниот играч, за победата сме заслужни сите

Голманот Никола Митревски, кој беше потенциран како еден од најзаслужните за големиот триумф на Македонија против Словенија вели дека не бил клучниот играч на мечот.

– Прво сакам да им честитам на соиграчите за големата победа. Можеби моето влегување им даде дополнителна енергија на соиграчите, но јас не бев клучниот играч на средбата. Во второто полувреме игравме како тим, нападот проработе, а добри бевме во одбрана. Кога сето ова се склопи, победата дојде сама по себе, рече Митревски.