Connect with us

Спорт

Гонзалес: Задоволен сум, но треба да се подготвиме и за Црна Гора

Македонија вечерва за прв пат отвора со победа на Европско првенство. Селекторот на Македонската ракометна репрезентација Раул Гонзалес беше скромен во својата изјава која ја даде за медиумите веднаш по завршувањето на натпреварот.

– Ја победивме Словенија, сега имаме два бода. Треба да се подготвиме за Црна Гора. Задоволен сум од сите мои момци, ја победивме третата репрезентација на светот, рече Гонзалес.

Македонија ја совлада Словенија на првиот натпревар од ЕП кој вечерва се играше во Загреб. Следен противник на Македонија е репрезентацијата на Црна Гора.

Актуелно