Connect with us

Македонија

Приведен крадец, кршел и одземал пари и други предмети во скопски Аеродром

Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против лицето А.Б. (21) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“, казниво по член 236 од Кривичниот законик на Република Македонија, со што се стекнал со противправна имотна корист од 364.500 денари и причинил вкупна материјална штета од 3.500 денари.

Пријавениот на 23/24.04 и 09.12.2017 година извршил тешки кражби во продавници на ул.„Бојмија“ и бул. „Јане Сандански“ во Трговски центар Бисер во населбата Аеродром во Скопје. Сторителот со употреба на сила делувал на влезните врати, влегувал во продавниците и одземал пари и други предмети.Во првиот случај, пријавениот со употреба на тврд предмет го скршил стаклото од влезната врата, влегол внатре и одзел пари, неколку пакувања со храна за животни, по што побегнал.

Во вториот случај, А.Б. насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и одзел лап топ, еден користен мобилен телефон и тринаесет нови мобилни телефони, по што побегнал. А.Б. бил приведен во Полициската станица Аеродром. Со него бил извршен разговор при што го појаснил начинот на извршување на кривичните дела. Кај него биле пронајдени дел од украдените предмети, кои биле одземени и вратени на оштетените.

Актуелно