Connect with us

Македонија

Се обиделе да го спасат познаникот од ќотек, па ги натепале нив

На 14.01 околу 4.30 часот две лица од Тетово О.С.(22) и С.С.(22) во Полициската станица во Тетово пријавиле „насилство“ од 17- годишно момче со иницијали Д.Р. и уште четири други малолетни лица.

Според пријавата, додека двајцата пријавители со уште една девојка околу 2.15 часот се движеле покрај угостителски објект во Тетово забележале мешаница во која учествувале повеќе лица, меѓу кои бил и нивен познаник, на кого се обиделе да му помогнат бидејќи физички бил нападнат од групата. Во тој момент групата се нафрлила врз нив со клоци и тупаници, од што О.С. паднал и загубил свест.

Двајцата нападнати добиле лекарска помош во тетовската болница. Се работи на расчистување на случајот.

Актуелно