Ограбен соборниот храм во Тетово

На 12/13.01.2018 година во времето од 16,00 до 07,00 часот во Тетово во соборниот храм „Св.Кирил и Методиј“ лоциран на ул.„Гоце Делчев“, непознати сторители скршиле дел од дрвената влезна врата од црквата, влегле внатре и со употреба на тврд погоден предмет отвориле две дрвени каси, од кои одзеле картонски кутии во кои имало пари.

Причинета е материјална штета од околу 12.000 денари , а СВР-Тетово презема мерки за целосно расчистување на настанот.