Connect with us

Македонија

Опозицијата нема да дојде на седницата за договорот со Бугарија, ќе реагирале со соопштение

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема да присуствува ниту на седницата на која ќе се ратификува договорот за добрососедство со Бугарија. Од партијата за Ден.мк велат дека нема да дебатираат во Собранието за договорот, туку само ќе испратат соопштение како реакција на ратификацијата.

Опозициската партија не присуствуваше ниту на гласањето на законот за јазици, иако овие две работи беа најкоментирани од нивна страна дека се противуставни.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес конференција пред еден од влезовите на Собранието претходно рече дека се уште немало услови за пратениците од неговата партија да се вратат во собраниските клупи бидејќи 12% од пратеничката група на опозициската коалиција биле во притвор, со што ја продолжи реториката на неговиот претходник, Никола Груевски.

Инаку, Илија Димовски, Антонијо Милошоски и Трајко Вељаноски, пратениците кои јавно застанаа против Конгресот на кој беше избран Мицкоски доаѓаат во Собранието, но седат во нивните канцеларии и не присуствуваат на седниците.

Актуелно