Против загадувањето се „протестира“ на социјалните мрежи, пред Влада одвај педесетина граѓани

Протестите на скопјани за чист воздух пред Владата со слаб одзив. Педесетина граѓани со пароли „Вие и вашите деца дишете друг воздух?! “, „Сакам да дишам“, „Чист воздух – здрави деца“ и денеска побараа да се носат мерки кои ќе дадат резултати, бидејќи актуелните мерки кои се преземаат не прават ништо.

Инаку граѓаните на социјалните мрежи секојдневно споделуваат статуси и фотографии, но кога станува збор за протестите, повторно речиси никој не излегува на улиците.

Загадувањето е алармантно во Скопје и во неколку други градови во земјава.

Фото: РСЕ