(ВИДЕО) Бујароска: Дрисла да ги исполни стандардите или да се затвори

Посериозно почна да се решава проблемот со загадувањето, но не со брзината со која очекувавме да се остварат барањата нa еколошките организации, вели Александра Бујароска од Фронт 21/42, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

– Во 2001 кога оваа печка е дел од системот на Дрисла, важеле малку поинакви правила во однос на животната средина. Она што е важно е дека од 2005-2006, со усогласување на нашето законодавство со законодавството на Европската унија, оваа инсталација имала обврска да ја усогласи својата технологија со најдобрите технологии од областа на согорување на отпадот. Уште во 2013 е издадена дозволата за усогласување со оперативен план, односно еколошка дозвола. Тоа што е страшно е што од тогаш до денес операторот, односно сопственикот на Дрисла не исполни ниту една од мерките за намалување на загадувањето. Намалувањето на загадувањето требало да се изврши и на таа печка, да се собираат сите емисии од горењето и на медицинскиот отпад и на отпадниот и на комуналниот отпад со цел да се усоврши оваа инсталација, да се усоврши Депонијата и согорувањето на отпадот и ќе се воспостави соодветен инсенератор, тоа до ден денеска не е случено. Прашање е каде беа институциите од 2013 кога самиот оператор, Дрисла, не исполнил ниту една од мерките. Тие имаа обврска секоја година да извршат мониторинг до каде и како е спроведувањето на тие мерки за намалување на загадувањето, но очигледно до сега е направен некаков пропуст, вели Бујароска.

Целото интервју прочитајте го тука.