Connect with us

Македонија

Врнежи од снег на повеќе места

Врнежи од снег со слаб интензитет се забележани во Крива Паланка, Страцин, Гостивар, Стража, Маврово, Крушево, Делчево и Буково. Во Дебар врнежите се од дожд и снег. Овие врнежи во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, додека во западните и југозападните делови од државата коловозите се претежно влажни.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Актуелно