Connect with us

Македонија

Судот одлучи да не му го врати пасошот на Груевски

И покрај барањето да му се врати пасошот, Кривичниот совет за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 одлучи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски да остане без патната исправа.

Груевски има забрана за издавање на нова патна исправа за преминување на државната граница и привремено му е одземен и дипломатскиот пасош.

Адвокатите на Груевски имаат право на жалба во рок од 3 дена до Апелацација.

Пасошите си ги бараа и поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков и шефот на неговиот кабинет, Тони Јакимовски.

Пасошот на Груевски му беше одземен на 3 јули годинава со одлука на скопскиот Кривичен суд на барање на Специјалното јавно обвинителство за случајот „Титаник“

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно