Connect with us

Македонија

Фирма на чичкото на Миле Јанакиески со години цица милиони од општинската каса

Друштвото за производство и трговија „Пела Транс“ ДООЕЛ, с. Мажучиште, е фирмата која 13 години се грижи за одржување на прилепските улици во зимскиот период. „Пела Транс“ е фирмата која од 2005 година, кога екс-градоначалникот Марјан Ристески го освои првиот мандат, па до денес, победила на сите огласи кои општината ги распишала за зимско одржување на улици и патишта во ЕЛС-Прилеп, објави „Слободен печат“.

Вредноста на договорот за сезоната 2017-2018 година изнесува 15.244.200 денари, односно 17.988.156 денари со вклучен ДДВ и тоа е највисоката сума која прилепската локална самоуправа некогаш ја исплатила за оваа намена. Изминатите неколку години висината на средствата кои Општина Прилеп ѝ ги исплаќаше на „Пела Транс“ изнесуваше точно 14 милиони денари, што е за 4 милиони денари помалку од годинешниот договор.

Основач, сопственик и управител на „Пела Транс“ ДООЕЛ с. Мажучиште, Прилеп, е Мире Синадиноски, чичко на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески. Синадиноски истовремено е и концесионер на рудникот „Драгов дол“, кој се наоѓа во Македонски Брод.

Актуелно