Connect with us

Свет

(ВИДЕО) Убиен со најмалку пет куршуми, реанимацијата неуспешна – Детали за убиството на Оливер Ивановиќ

Политичарот Оливер Ивановиќ, лидер на Граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“ е убиен во Косовска Митровица. Тој им подлегнал на повредите по атентатот што бил извршен врз него утрово околу 8.15 часот.

Директорот на болницата во косовска Митровица, Милан Ивковиќ вели дека веднаш штом ја добиле информацијата лекари излегле на местото на настанот, но реанимацијата била неуспешна.

– Имаше обид за реанимација на лице место, потоа реанимацијата продолжи во болница, но безуспешно. Ивановиќ бил застрелан со најмалку 5 куршуми, изјавува Ивковиќ.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека убиството на Оливер Ивановиќ е терористички чин.

– За државата Србија тоа е терористички акт и така ќе се однесуваме кон него, изјави Вучиќ на прес конференција по седница на Советот за национална безбедност.

Тој додаде дека е испратено писмо до органите на Еулекс со барање органите на Србија да учествуваат во истрагата за убиството.

– Ќе ги пронајдеме убијците или убиецот, тоа утрово и го ветив на сопругата на Оливер Ивановиќ, изјави Вучиќ.

Инаку, Ивановиќ беше неколку години во притвор под обвинение за воени злосторства и неодамна беше пуштен да се брани од слобода.

Ивановиќ е еден од лидерите на косовските Срби, посебно активен во периодот на бомбардирањето на Србија од НАТО. Тој бил и државен секретар за Косово и Метохија.

Актуелно