Connect with us

Македонија

(ВИДЕО) Новиот закон за зеленило ќе донесе дрвореди на секоја градежна парцела

Парламентарното мнозинство го донесе Законот за урбано зеленило преку кој ќе се зголеми процентот на зелени површини во урбаните средини и ќе запре уништувањето на зеленилото.

– На зеленилото во урбаните центри му беше потребна институционална заштита за што се наметна потребата од носење на закон за урбано зеленило, како посебен закон. Со него ќе се воведе целосен систем на планирање, подигање, поддржување, заштита и реконструкција на зеленилото, финансирање и управување со него, како и надзор над примената на овој закон, рече пратеникот Диме Велковски.

Со Законот се предвидува најмалку 20 проценти од секоја градежна парцела да бидат наменети за зелена површина, додека во веќе изградените парцели ќе се прави надоместување, односно компензација преку поставување на дрвореди и зеленило во жардинери и други начини и системи на озеленување.

– Секоја општина ќе биде обврзана да изработи и таканаречен зелен катастар, односно да спроведе попис на целото зеленило на територијата на општината, по број, вид и состојба на зеленилото, при што за сите идни Генерални урбанистички планови утврден е стандардот од 25 квадратни метри зелена површина по жител. Законот за урбано зеленило ги обврзува сите физички и правни лица кои имаат зелени површини редовно да го одржуваат зеленилото. Со ова, се заштитува и унапредува веќе постоечкото зеленило и се става крај на непланската сеча и уништување на зеленилото заради градби, рече Велковски.

Актуелно