Connect with us

Македонија

(ВИДЕО) Иванов не го потпишал Законот за јазици

Претседатеот Ѓорге Иванов одлучил да не го потпише указот за Законтот за употреба на јазиците.

Тој до Собранието испратл писмо со кое ги известува дека нема да го стори тоа и воедно им укажал на пратениците дека законот не е во рамките на Уставот.

Обраќање на Ѓорге Иванов за Законот за јазици

Иванов одлучил да не го потпише Законот за јазици – http://den.mk/archives/5795

Posted by Den.mk on Wednesday, January 17, 2018

Иванов рече дека законот го фаворизира албанскиот јазик, а нема унапредување на другите јазици на малцинствата.

– Наместо во дух соживот да градиме мултиетничко општество, носиме неправеден и репресивен закон со кој се фаворизира албанскиот јазик. Злоупотребено е европското знаменце за со просто мнозинство да се изгласа закон за кој е потребно двотретинско мнозинство, рече Иванов.

Со ова, Законот за употреба на јазиците оди на прегласување пред пратениците, по кое, доколку има мнозинство, нема да има потреба од потписот на претседателот.

Актуелно