Connect with us

Македонија

(ВИДЕО) Столтенберг: Ги поздравувам сите реформи, имате уште предизвици за влез во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг пред пратениците изрази жалење за настаните од 27 април. Тој нагласи дека се уште има место за повеќе знамиња пред седиштето на НАТО, но пред се треба да се реши проблемот со името и рече дека тоа е проблем кој тежи веќе подолго време.

– Патот кон НАТО е повеќе од решавање на спорот со името. Земјите-членки имаат исти вредности. Мора да покажете дека ги делите овие вредности, ова значи истрајност во реформите. Ви честитам за реформите, посебно за планот 3-6-9. Усвојување на законот за јазиците беше важен чекор, ги нотираме сите реформски чекори, рече Столтенберг.

Обраќање на Јенс Столтенберг

ВО ЖИВО: Обраќање на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во македонското Собрание

Posted by Den.mk on Thursday, January 18, 2018

Тој побара да се инвестира во одбраната и истакна дека сака засилена соработка на војските.

– Вратата на НАТО е отворена за нови членови, но влегувањето бара работа. Ќе ве поддржиме во реформите во одбранбениот сектор. Не ги потценувам предизвиците со кои се соочувате. И понатаму бидете транспарентни со нас за реформите, ние ќе ве поддржуваме низ програмата за партнерство. Знаеме дека постојат предизвици, но сакаме да помогнеме, рече Столтенберг.

Рече дека Владата претворила една држава од работ на нестабилност кон држава со можност.

Актуелно