Connect with us

Македонија

(ВИДЕО) Заев: Во 2008 останавме пред вратите на НАТО, потоа следеа непродуктивни политики

Без никакви резерви сакам да нагласам дека оваа посета ја сметам како клучна за вистинско охрабрување и поддршка на нашите очекувања дека 2018 година ќе биде историска за Македонија.

Време е да ги внесеме во завршница интеграциите на сите земји од регионот кои сакаат да бидат дел од семејството на северноатлантската алијанса. Подготвени сме да работиме заедно за тоа. Макеоднија во 1993 година со резолуцијата за влез во НАТО за кратко време прерасна во доверлив и компатибилен сојузник на алијансата, рече Заев.

Прес конференција на премиерот Заев по средбата со Столтенберг

Zoran Zaev: Во 2008 останавме пред вратите на НАТО поради проблемот со името, а потоа следеа непродуктивни политики – http://den.mk/archives/5888

Posted by Den.mk on Thursday, January 18, 2018

Остануваме фокусирани да даваме придонес за вредности кои ги делат членките на НАТО.

– Македонија во 2008 година остана пред вратите на НАТО поради проблемот на Грција со нашето Уставно име, иако сите се согласија дека нашата земја ги исполнуваше критериумите. За жал, по тој настан, во Македонија се активираа контрапродуктивни процеси кои ја конструираа најтешката криза по осамостојувањето. Граѓаните сепак се определија за демократија, за добро владеење, кохезивно општество, додаде Заев.

Актуелно