Connect with us

Македонија

(ВИДЕО) Нимиц: Предлогот не го загрозува идентитетот на Македонија

Медијаторот Метју Нимиц во интервју за ТВ Сител рече дека спорот за името не му причинува некаков голем проблем на светот, бидејќи постојат луѓе кои воопшто не слушнале за спорот, но претставува голема штета за двете земји доколку неговото решавање и понатаму се одолговлекува.

Тој кажа дека неговиот предлог не задира во идентитетот на Македонија.

– Не е тајна дека дека договорот е сеопфатен и се обидов да ги опфатам најголемите проблеми и да најдам начин од интерес на двете страни. Не навлегувам во идентитетот на државата, туку го зајакнувам, вие имате силен идентитет, не само од осамостојувањето, туку и од време на поранешна Југоставија и од Отоманската империја. Според мене со предлогот идентитетот е безбеден и со моите идеи е уште повеќе зајакнат. Предлозите ги напишав на 4 страни и ги дадов на надлежните. Треба време за да размислат, потребни се 3-4 дена потоа за разговор. Јас ќе ги посетам и двете земји во наредните 10 дена за да најдеме компромис и сметам дека треба да се разгледаат, рече Нимиц.

Според Нимиц, за разлика од минатото, целата ситуација сега е променета, и двете Влади во Атина и Скопје.

– Атина излегува од економска криза, поуверени се и се обидуваат да играат поголема улога во регионот. Во Скопје имаме нова Влада која се чини дека е посветена на решавање на проблемот. Сега имам две Влади со сериозни луѓе, двајца серизони премиери и двајца министри за надворешни работи, тука е опозицијата и медиумите и еднаш ќе мора да донесете одлука. Сега е моментот бидејќи нема избори, да не се чека во наредните 25 години зашто вие ќе бидете тука јас не, вели Нимиц.

Медијаторот Нимиц за македонскиот преговарач за спорот со името, Васко Наумовски, рече дека е млад дипломат и дека не би сакал да ја критикува неговата изјава која ја даде на новинарите по завршувањето на средбата во Њујорк.

Медијаторот посочи дека не може да објави што содржи пакетот за предлогот за името што им го дал на двете страни.

Актуелно