(ВИДЕО) Со солзавец спречена тепачка на Грци со Македонци на протест во Мелбурн

Грчка организација во Мелбурн вчера организирала протест под мотото „Не за продажба на името Македонија и Македонија секогаш ќе биде грчка“. На протестот со транспаренти и грчки знамиња, се извикувало „Македонија е грчка“, „Скопјани“, а учествувале над 2000 луѓе.

Протестите се одржале во центарот на Малбурн, кога дошло првин до вербална пресметка на учесници на демонстрациите и група Македонци кои, облечени во маици со македонски национални обележја, седеле на кафе во близина на грчкиот конзулат. Потоа дошло и до физичка пресметка, по што интервенирала полицијата која употребила и солзавец.