Connect with us

Спорт

Лазаров: Сонуваме да ја победиме Шпанија, да направиме нешто големо на ЕП

Сонуваме победа против Шпанија, што ширум ќе ни ја отвори портата за историско полуфинале на ЕП, вели во интервју за шпански „Ас“ Кире Лазаров.

– Веројатно Шпанија е посилна од нас, бидејќи има повеќе ракометари со големо искуство и медали од големите натпреварувања. Го знаеме тоа, но никако нема да се предадеме и нема да се откажеме од битка за остварување на сонот да направиме нешто големо на шампионатот, вели Лазаров.

Вечерва од 20,30 часот за нас веројатно е клучната битка, токму против Шпанија. Ако победиме со голема сигурност ќе бидеме полуфиналисти на ЕП во Хрватска.

– Нашата предност се Раул Гонзалес и Гарсија Парондо. Нашиот стручен штаб е шпански и тие одлично знаат како размислуваат шпанските ракометари. И ние се познаваме меѓусебно. Доста од нас играат во исти клубови, а и често сме ривали со Шпанците на големите натпреварувања, или во квалификациите, додава Лазаров.

Македонија пред стартот на дуелот со „Црвената фурија“ има три бода и е без пораз, додека Шпанците се зад нас со два бода и еден неуспех во мечот со Данска.

Актуелно