Одложено судењето за дедото на Тамара

Повторно се одложи судењето за дедото на Тамара од Велес, Љупчо Стојановски, кого обвинителството го товари за обид за убиство на ек министерот за здравство, Никола Тодоров.

Апелација побара од Судот да ги провери лиценците на вештаците, а рочиштето беше одложено за на 14 февруари.

Инаку, првото рочиште беше одложено затоа што одбраната го оспори вештачењето на обвинителството на психичката состојба на дедото, бидејќи било изработено од вештаци со истечени лиценци.

Стојановски на 1 јуни минатата година пукаше во екс министерот за здравство, Тодоров. Неговата внука Тамара почина чекајќи операција во странство.