Почна протестот за убиството на малиот Алмир

Стотина граѓани излегоа на протестот на Камени мост против одлуката на обвинителството да се преквалификува делото за убиството на малиот Алмир во Куманово.

„Обвинителите го убиваат Алмир по втор пат?!“, „Правда за Алмир“ и „Убиство, а не сообраќајна несреќа“, се дел од написите на Фејсбук, каде се најави денешниот протест.

За убиството на малиот Алмир му се суди на Бобан Илиќ. Осомничениот се товари дека го прегазил четиригодишниот Алмир на улицата „Борис Кидрич“.

За истиот настан е поднесено обвинение за сторено крвично дело „насилство“ против три други лица, таткото на детето, Седат Алиу, Сами Демири и Абдула Алиу.