Connect with us

Македонија

(ВИДЕО) Граѓани на протест – бараат случајот со малиот Алмир да се води како убиство

Граѓани револтирани од најавената преквалификација од убиство во сообраќајна несреќа со смртни последици во врска со случајот на Алмир Алиу излегоа на протест на Камениот мост во Скопје.

Протест против преквалификацијата на делото за убиството на Алмир

Граѓани излегоа на протест против преквалификација на делото во случајот со малиот Алмир – http://den.mk/archives/6020

Posted by Den.mk on Monday, January 22, 2018

Според присутните, обвинителката подлегнала на притисоци и иако кај обвинетиот постои намера за убиство, сега сакаат да се преквалификува делото. Според нив, од снимките се гледа дека се работи за убиство со умисла. Пред зградата на Обвинителството, тие положија цвеќе за малиот Алмир.

Инаку, на 25 јуни 2016 година, кога расправија прераснала во физичка пресметка меѓу таткото на Алмир, Седат Алиу и Бобан Илиќ, обвинетиот Илиќ го прегази детето со автомобил.

За истиот настан е поднесено обвинение за сторено крвично дело „насилство“ против три други лица, таткото на детето, Седат Алиу, Сами Демири и Абдула Алиу.

Актуелно