Connect with us

Македонија

Му должел пари, наместо да му ги врати го прегазил со автомобил

Вистинска драма се случуваше на новиот кружен тек во Кисела Вода пред маркетот „Жито“.

Жител на општината наишол на човекот кој му должел пари, а бидејќи должникот ја немал сумата која требало да ја врати, оштетениот сакал да му го земе возилото, по што настанала турканица.

Откако должникот влегол во автомобилот, удрил во оштетениот кој од ударот се мавнал во оградата на маркетот. Со скршеници, тој е однесен во скопските клиники.

На лице место пристигнала полиција, која се уште го нема уапсено сторителот. Според очевидци, ударот би застрашвачки.

Актуелно