Connect with us

Спорт

Бараж за СП: Македонија ја чека силен противник на патот кон Мундијалот

Македонија ги дозна можните ривали во баражот за Светското првенство во 2019 година, а имињата на селекциите кои се можни противници не се нималку наивни. Се работи за квалитетни селекции меѓу кои има и дел од оние коишто го напуштија шампионатот после првиот круг.

На списокот на тимовите коишто можат да бидат ривали на Македонија се: Австрија, БиХ, Унгарија, Литванија, Црна Гора, Холандија, Португалија, Романија и Русија.

Во првиот шешир каде што е Македонија не се знае само името на уште еден состав. Останува в петок да се види дали Шведска или Шпанија ќе се најде во баражот за СП. Со оглед на тоа што Данска и Германија се домаќини, а Франција има обезбедено директно место како актуелен првак овие три селекции нема да играат во баражот.

Оттаму селекцијата која што ќе се пласира подобро од Шведска и Шпанија ќе избегне квалификации за СП.

Инаку, во шеширот на носители каде што е Македонија се наоѓаат уште и Белорусија, Хрватска, Чешка, Исланд, Норвешка, Словенија, Србија и Шведска или Шпанија.

Извор: 24ракомет.мк

Актуелно