Опожарена куќа во Лисиче

На 26.01.2018 година околу 21.50 часот во Скопје на ул.„Михаил Глинка“ избувнал пожар во двоспратна куќа сопственост на Б.Џ.(59).

Куќата била целосно опжарена, а пожарот се проширил и на соседна куќа, сопственост на С.А.(46), при што целосно бил опожарен кровот и дел од инвентарот на приземјето.

Пожарот е целосно изгаснат во 00.10 часот од Бригада за противпожарна заштита. Се преземаат мерки за утврдување на причините за пожарот.