Ограбен маркет во Скопје

Две засега непознати лица вооружени со пиштоли синоќа ограбиле маркет на улица „Скупи“ во Скопје.

Како што соопшти МВР, немилиот настан е пријавен од вработена во маркетот околу 21 часот.

Разбојниците влегле во маркетот додека таа и нејзината колешка биле на една од касите, ги земале парите од дневниот промет и заминале.