Го претепале со цепаници од дрва додека спиел

Триесет и осумгодишен велешанец синоќа бил нападнат од четворица насилници додека спиел. Насилниците влегле во наговиот дом, па со нож му се заканиле дека ќе го убијат. Потоа почнале да го тепаат со раце и нозе, но и со цепаници од дрва го удирале несекаде по телото.

„Откако завршиле со нападот повторно му се заканиле дека ако пријави ќе го убијат. Кога напаѓачите излегле од неговата куќа З.А. се јавил во полиција и се сокрил во куќата на неговиот татко и неговиот брат. Напаѓачите повторно се вратиле и мислејќи дека тој е сè уште во куќата, започнале да ги кршат стаклата од прозорците и повторно се заканувале. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, информираат од МВР.