Connect with us

Македонија

(ФОТО) Додека е градоначалникот тука, може да се пуши

Законот за пушење цигари во затворени угостителски објекти веројатно не важи за градоначалниците и функционерите на ист начин како што важи за обичната раја, пренесува Слободен Печат.

Таков е примерот со градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, кој заедно со своите општински советници, го уловивме како ужива во димот на цигарата во затворениот простор на еден познат скопски ресторан, иако законот не го дозволува тоа.

– Пушењето е дозволено додека градоначалникот е тука. Слободно запалете си, денеска не треба да се плашиме од инспекции – рекол за весникот вработен во кафеаната.

Извор: Слободен Печат

Актуелно