Connect with us

Актуелно

Амбасадорот на САД во Атина: Постои јасна можност да се реши прашањето за името

Постои јасна можност и тоа е пораката од Нимиц и од Скопје и од Атина, вели американскиот амбасадор за грчката телевизија Антена. Запрашан дали предвидува затворање на прашањето за името пред НАТО Самитот, Пајат за Антена одговорил дека нема да даде никакво предвидување, но САД ги поддржуваат напорите на Нимиц.

– Важната точка е дека постои јасна можност и тоа е пораката што Метју Нимиц, мислам дека ја потенцираше и овде во Атина и во Скопје, вели Џефри Пајат за Антена.

Амбасадорот на САД во Атина, јавува дописникот на МИА од Атина, вчера оствари средби со министерот за одбрана Панос Каменос и со вицепремиерот Јанис Драгасакис.

На средбата со Драгасакис, станало збор за економијата, но и за прашањето за името.

– Драгасакис истакна дека Грција, како столб на стабилност во поширокиот регион, се залага за меѓубалканска соработка. Потенцираше, исто така, дека во напорите за решавање на нерешените прашања, како она со спорот со ПЈРМ, врз база на едно заемно прифатливо решение, ќе се придонесе во искористување на важната можност за спроведување на еден балкански план за развој за стабилноста и надградбата на позицијата на регионот во целина, во Европа и во светот, соопштуваат од кабинетот на заменикот претседател на владата на Грција, пренесува МИА.

Во однос на средбата на Џефри Пајат со министерот за одбрана на Грција и претседател на независни Грци, Панос Каменос, од Министерството за одбрана само кусо соопштија дека биле разменети мислења за прашањата од взаемен интерес.

Актуелно