Connect with us

Македонија

Лажните вести се нудат сѐ повеќе, регулација на порталите повторно нема

Новиот закон за медиуми повторно ќе ги остави порталите на слобода. На порталите може да се најдат секакви информации, но во последно време најприсутни се лажните вести. Овој тип на вести, кои земаа замав последните неколку години, за жал, се шират се повеќе, а имаат единствена цел – да и удоволат на политичката партија од која доаѓаат.

ДЕН.МК веќе објави дека 1,503,315 граѓани во Македонија користат интернет, од кои 1,000,000 се Фејсбук корисници, што само прави уште полесно за овие вести да дојдат до речиси секој граѓанин во државата. Дека денеска се сите на интернет, покажува и фактот што повеќе од половина од корисниците на мобилни телефони користат и мобилен интернет.

Ги прашавме мобилните оператори колку нивните корисници имаат мобилен интернет. Од Вип за ДЕН одговорија, дека од нивните корисници кои се речиси 50% на пазарот, според податоците од 2017 година, 65 отсто користат мобилен интернет. Одговор од Телеком не добивме.

Предизбори портали полни со лажни вести

По теркот на трамповите лажни вести, пред преврементире парламентарни избори во декември 2016 година се појавија голем број портали со лажни вести. На дел од нив, денеска нема никаква соржина. Иако повеќето беа на српски или хрватски јазик, нивните содржини беа посветени на Македонија, а се пренесуваа од повеќе медиуми блиски до ВМРО-ДПМНЕ.

Порталот Нова во 2016 година истражуваше за овој проблем, а фирмите беа поврзани со екс директорот на државниот архив и член на ВМРО-ДПМНЕ, Филип Петровски.

Регулација на портали

Иако имаше еден обид за регулација на медиумскиот простор на интернет, сопствениците на портали остро се спротивставија на ова. Сепак, кога доаѓа до проблемот со несериозни, копи-пејст портали и оние кои генерираат лажни вести, што во Македонија се над 100, тогаш најголемиот број од нив сакаат некако да се среди овој проблем.

ЕУ стратегија против лажните вести

Соочена со овие лажни вести, ЕУ иницираше јавна консултација преку која граѓаните ќе можат да дадат свои идеи и искуства со лажните вести. Истовремено, ЕУ ќе креира панел експерти од универзитетски професори и новинари што ќе треба да направат студија за феноменот на лажни вести и да предложат начин како да се одговори на овие “напади”.

„Живееме во ера во која напливот на иформации и дезинформации станат сеприсутни. Затоа на нашите граѓани треба да им дадеме алатки со кои ќе ги идентификуваат лажните вести и да ја менаџираат веста што ја добиваат”, изјави Франс Тимеранс, потпретседател на Европската комисија.

Марија Габриел, комесарка за дигитална економија смета дека сите општества не се еднакви пред лажните информации.

„Нивото на образование, демократската култура, изборниот систем и неговиот инклузивен карактер, улогата на парите во изборните кампањи, нееднаковста играат одлучувачка улога во овој феномен“, рече таа.

Јавната консултација што беше иницирана денес ќе трае во февруари а експертите на новиот панел ќе треба, заедно со ЕУ, да направат широка стратегија за борба против лажните вести до следната пролет.

Шефицата на ЕУ дипломатијата Федерика Могерини денес објасни дека очекува поддршка на сите земји членки на ЕУ за да се зголем буџетот на СтратКом, групата што “ги лови” лажните вести на руски но и на арапски.

Од почетокот на својата работа пред две години СтратКом открил 3.500 случаи на лажни вести и дзеинформации.

Актуелно