Connect with us

Македонија

(ВИДЕО) 90% од „Скопје 2014“ протекува

Не само зградата на Државниот архив, 90 отсто од објектите изградени во проектот „Скопје 2014“ ги покажуваат истите проблеми со кои секојдневно се соочува и Владата и вработените во тие институции, истакна портпаролот на Владата на РМ, Миле Бошњаковски.

Тој додаде дека штетата која ја предизвикаа последните обилни врнежи се уште се проценува.

– На владината седница се разгледа информацијата за надминување на проблемот со канцеларискиот простор и депото на Државниот архив. Ова ситуација е резултат на исклучително нелогичко однесувања на претходната Влада. Решението кое ќе го донесе оваа Влада ќе биде долготрајно, во интерес на Репубика Македонија, за заштита на Архивот бидејќи сме свесни дека тие документи се национално, посочи владиниот портпарол.

Бошњаковски рече дека на решението се работи веќе два месеци, но не е донесено. Тој кажа дека суштинските односно поголемиот дел од материјалите во Државниот архив се наоѓаат во старото депо бидејќи воопшто не ни биле преместени.

– Нема да донесуваме одлуки кои се на штета на Буџетот и на институциите во Македонија. Направена е така сложена конфузија со преминувањето на вработените од старата во новата зграда така што кое било решение не може да биде идеално ниту за јавното обвинителство ниту за архивот. Приоритет е да го заштитиме националното богатство, материјалите кои се таму. Второ, важно е архивот да продолжи со својата работа, лабораторијата да продолжи да архивира и како Влада да донесеме решение кое ќе биде долгорочно и функционално, додаде Бошњаковски.

Истиот хаос го имаше и во МНТ. Екс в.д. директорот, Драган Спасов Дац тогаш ги однесе медиумите низ просториите на театарот, каде беше протечено од мал дожд.

Актуелно