Connect with us

Македонија

(ВИДЕО) Три години од првата „бомба“ на Заев

Пред три години на денешен ден, премиерот Зоран Заев како тогашен лидер на најголемата опозициска партија пред јавноста ја објави првата од низа објавени „бомби“.

Заев прво објави неколку разговори со кој сакаше да покаже дека го слушале и него, како и неговата заменичка Радмила Шекеринска. Објави разговори во кои тој разговара со неговата ќерка, со заменик-претседателката на СДСМ и актуелна министерка за одбрана, Шекеринска, разговор со новинарка од Радио Слободна Европа и разговор помеѓу екс министрите Гордана Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески.

– Ова е 24/7 константо слушање. Од УБК направиле вистински монструм кој прислушувал над 20 илјади граѓани, меѓу кои и новинари, функционери од Владата, но и претседателот Иванов. Во еден свет живеат Груевски и Мијалков, кои не слушале, а во другиот сите ние кои не слушале и ни ја нарушиле приватноста. Сите биле ставени во машината освен телефоните на Никола Груевски и Сашо Мијалков, затоа не постои разговор помеѓу нив двајцата, рече тогаш Заев.

Актуелно