Connect with us

Македонија

Гостиварец починал од пожар во неговиот дом

На 09.02.2018 година во 14,30 часот во с. Горна Бањица, гостиварско, во неговата куќа бил пронајден починат М.Ш. (83).

Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар.

Од извршениот увид било утврдено дека во собата избувнал пожар при што бил опожарен дел од мебелот, а телото и дневната соба биле покриени со чад-црнило. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

Актуелно