Connect with us

Македонија

Во Маврови Анови има 48 сантиметри снег

Во Маврово изутрина до седум часот се наврнати 52 литри воден талог на метар квадратен, 49 во Демир Капија, 38 во Пожаране, 29 во Крушево, 26 во Гевгелија и Струмица, 23 во Тетово и Дојран, 20 во Битола, 17 во Берово, 15 во Ѓуриште….

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека најмногу снег има во Маврови Анови, каде висината на снежната покривка изнесува 48 сантиметри, по што следуваат Крушево со 27, Пожаране со 20, Ѓуриште со 19 и Лазарополе со 17 сантиметри.

Најстудено е во Маврово, минус 4 степени, а минус три степени се измерени во Лазарополе, минус два во Тополчани, Ѓуриште и Крушево, минус еден во Пожаране,…

Времето изутринава е облачно и студено со врнежи кои на запад и североисток се главно од снег, а во пониските делови вдолж Повардарието се од дожд. Врнежите се со умерен интензитет на југот и југоистокот од земјава, а во останатите подрачја се главно со послаб интензитет. Дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, особено изразен вдолж Повардарието.

Во текот на денот ќе биде претежно облачно и студено, во претпладневните часови се уште со врнежи кои на западот и североистокот ќе бидат од снег, а во делот на Повардарието од дожд. Повеќе врнежи ќе има во јужните делови. Околу пладне и попладне врнежите ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, особено изразен вдолж Повардарието. Температурата ќе достигне од 1 до 7 степени.

Во Скопје облачно, претпладне со локален слаб дожд. Ќе дува умерен северозападен ветер. Температурата до пет степени.

Утре ќе има преодно стабилизирање на времето, а нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во вторник и в среда претпладне.

Актуелно