Connect with us

Свет

Силни земјитреси ги стресоа Јужна Кореја и Перу

Јужнокорејскиот град Поханг денеска го погоди земјотрес со интензитет од 4,5 степени по Рихтеровата скала при што се повредени 23 луѓе.

Земјотресот се случува по три месеци откако во тој реон се случи вториот најголем потрес во историјата на државата – 5,4 по Рихтер, јави Јонхап.

Поханг се наоѓа на околу 170 км од Пјонгчанг каде се одржуваат Зимските олимписки игри.

Потресот се почуваствувал во голем дел од државата дури и до главниот град Сеул каде пожарникарската служба добила 1.400 повици, јави јужнокорејската агенција.

Земјотрес со интензитет од 5,5 степени по Рихтеровата скала, пак, погоди синоќа подрачје јужно од градот Пукујо, во јужниот дел од Перу.

Земјотресот бил со епицентар 202 км јужно од Пукујо на длабочина од 10 км.

Засега нема извештаи за жртви или материјална штета.

Земјотрес од 4,5 регистриран во Јужна Кореја, 23 повредени.

Актуелно