Connect with us

Македонија

СЈО: Немало обид за атентат врз Фетаи во Боговиње

Специјалното јавно обвинителство категорично ја демантира веста дека инцидентот во село Боговиње е поврзан со обвинителката Фатиме Фетаи.

„Ова Јавно обвинителство категорично ги демантира написите на некои медиуми во кои се тврди дека определен инцидент во село Боговиње, случен на 7 февруари оваа година, е поврзан со обвинителката Фатиме Фетаи и во кои се шпекулира дека во заднината на инцидентот бил обид за атентат врз неа. Информираме дека на тој ден обвинителката ниту била во Боговиње, ниту пак тој настан има каква било поврзаност со Фетаи“, пишува во демантот од обвинителството.

Инаку, веста излезе од редакцијата на весникот Лајм, од каде се повикуваат на свои извори, кои тврдат дека се апселе луѓе кои сакале да извршат атентат врз Фетаи.

Актуелно