Connect with us

Македонија

Неподвижна охриѓанка загинала во пожар во својот дом

На 12.02.2018 година околу 07.15 часот во стан на ул. „Туристичка“ во Охрид, сопственост на М.Д. (70), од засега непознати причини, избувнал пожар.

Во пожарот починала М.Д., која живеела сама и била неподвижна. Смрт констатирала екипа од итна медицинска помош. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.

Актуелно