Connect with us

Македонија

Психички ја малтретирала сестра си и ѝ се заканувала дека ќе ја убие

На 11.02.2018 година во 23.20 часот во СВР Тетово, Л.П. (60) од Тетово пријавила дека нејзината сестра А.П. (62), со која живее во заеднички стан, психички ја малтретирала, ја заклучила во една од собите заканувајќи и се по животот, додека на нејзината ќерка и ја заклучила влезната врата од станот и не и дозволувала да влезе внатре.

А.П. била приведена и задржана во СВР Тетово за понатамошна постапка. За настанот бил известен Јавен обвинител Тетово. Против А.П. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Актуелно