Connect with us

Македонија

Вчера во Скопје „пајакот“ кренал 80 возила

Во текот на вчерашниот ден (12.02.2018 година), на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле шест сообраќајни незгоди, од кои една со тешки телесни повреди, една со телесни повреди и четири со материјална штета. Притоа едно лице се здобило со тешки телесни повреди додека три се здобиле со лесни телесни повреди.

Од преземените мерки и активности констатирано е дека 31 возач управувале возила со поголема брзина од дозволената. 14 возачи се исклучени од сообраќајот бидејќи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така, 13 возила се исклучени од сообраќај – 10 возила биле со истечена важност на сообраќајна дозвола, додека три биле технички неисправни. Четворица возачи се санкционирани бидејќи ја поминале крстосницата на црвено светло, додека еден возач за неправилно престројување.

Преземени се мерки и против девет пешаци кои го поминале коловозот надвор од пешачки премин. Покрај ова, во текот на изминатиот ден издадени се 117 мандатни платни налози, додека 80 возила се подигнати со “Пајак”.

Актуелно