Connect with us

Македонија

Украл 200 литри нафта од Здравствениот дом Арачиново

На 12.02.2018 година околу 08.20 часот Ф.А. (58) од с.Арачиново, вработена во амбуланта Арачиново како патронажна сестра, пријавила дека во периодот од 19.30 часот на 09.02.2018 до 07.00 часот на 12.02.2018 година непознат сторител извршил тешка кражба во Здравствена станица Арачиново.

Сторителот со употреба на сила влегол во подрумската просторија, демонтирал едно црево на резервоарот и одзел околу 200 литри нафта за домаќинство, по што побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Актуелно