Connect with us

Македонија

Одложено рочиштето за случајот со дедото на Тамара

Повторно се одложи рочиштето за случајот со дедото на малата Тамара од Велес, Љупчо Стојановски, кој се товари за обид за убиство на екс министерот за здравство Никола Тодоров.

Рочиштето е одложено за следната среда, бидејќи предметот се наоѓа во Апелациониот суд поради жалба на одбраната на притворот на обвинетиот. Пред Судот требаше да бидат приложени нови психијатриски вештачења од ЈЗУ „Психијатриска болница – Скопје“ од кои требаше да се утврди дали обвинетиот бил пресметлив кога го извршувал кривичното дело.

Стојановски на 1 јуни минатата година пукаше во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, откако почина неговата внука Тамара чекајќи операција во странство. Тој е обвинет за обид за убиство и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Стојановски поради постоење опасност од бегство и опасност од повторување на кривичното дело е во притвор.

Актуелно