Connect with us

Македонија

Транспарентност Македонија со реакција до Здружението на обвинители за обвинителката Раичевиќ

Изборот на Марија Ѓоргова за обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на органиизиран креиминал и неизгласување на уште еден мандат за обвинителка Лидија Раичевиќ ќе го разгледува Советот за етика.

Како што дознава Правосудство.мк, споменатата граѓанска организација, поднела преставка до Здружението на обвинители и до Етичкиот совет. Од нив се бара да го проверат работењето, но и постапувањето на претседателот на Советот на јавни обвинители, Коле Штерјов и на членот на Советот, Фиданка Раевска.

Според нашите сознанија иницијативата на „Транспаретност Македонија“ уследила по објавата на веста дека Коле Штерјов гласал за избор на Марија Ѓоргова, иако се работи за негова внука и снаа, но и поради тоа што Фиданка Раевска учествувала во неизборот на Раичевиќ, која, пак, води предистрага за нејзиниот сопруг за финансиски проневери.

„Точно е дека уште минатата недела поднесовме претставка до Советот за етика, но имаме и уште едно барање кое го доставивме до Советот на јавни обвинители. Ние бараме да ни бидат доставени записници од одржани седници на Советот на јавни обвинители, а за кои мислиме дека требаше да бидат отворени за јавноста“, вели Слаѓана Тасева, претседател на „Транспаретност Македонија“.

Скандалот кој веќе две недели до тресе Советот на јавни обвинители започна со кандидатрурата на Марија Ѓоргова за јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Имено, Ѓоргова, откако претходно беше избрана, беше отпуштена од Специјалното јавно обвинителство беше префрлена во скопското Обвинителство, а сега, како внука и снаа на Коле Штерјов беше избрана на нова позиција.

На овој скандал само се надоврза и скандалот со неизборот на обвинителката Лидија Раичевиќ, која води предистрага за стоерени злоупотреби и за перење пари во „НЛБ Банка“. Како првоосомничен за споменатите кривични дела се спомнува Љубе Раевски, сопруг на обвинителката Фиданка Раевска, која, пак, учестувала во гласањето.

Актуелно