Аргентинската полиција заплени речиси 10 тони марихуана

Аргентинтинската полиција заплени речиси 10 тони марихуана во вредност од 20 милиони долари, информираше министерката за безбедност Патрисија Булрич.

Како што јави ДПА, марихуаната била скриена во камион-ладилник, кого полицијата го запрела во Сан Хосе, на 850 километри североисточно од Буенос Аирес.

Во врска со случајот се уапсени три лица.