Кучиња нападнале мотоциклист и 70. годишна жена

На 16.02.2018 година во 20.00 часот Р.В.(58) од Скопје, пријавил дека на 15.02.2018 година околу 16.00 часот додека со моторцикл се движел на булевар “12-та Македонска Бригада” бил нападнат од куче скитник кое го каснало под коленото на десната нога.

На 16.02.2018 година А.Р.(42) од Скопје пријавила дека во 15,30 часот на улица “Лука Геров” нејзината мајка В.Р.(70) била касната од куче во пределот на десната подколеница.