Connect with us

Свет

Белата куќа не верува дека Турција не употребила хемиско оружје во Сирија

САД сметаат дека е малку веројатно оти Турција користела хемиско оружје во операцијата против сириските Курди, изјави неименуван претставник на Белата куќа.

Тој посочи дека му е познато оти постојат обвинувања дека турската армија употребила хемиско оружје, но оти не може да ги потврди таквите наводи.

Сириските државни медиуми синоќа повикувајќи се на изјави на локални лекари, објавија дека по турски воздушен напад во реонот на Африн во северозападна Сирија, на лекување биле примени шестмина пациенти со симптоми на труење со гас.

Како што јави МИА, на 20 јануари Турција почна воена операција во Африн против Силите за заштита на народот на сириските Курди, кои Анкара ги смета за огранок на Курдската работничка партија (ПКК) во Сирија. ПКК, која се бори за автономија на Курдите на турска територија, се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, ЕУ и САД.

Силите за заштита на народот, од друга страна, беа едни од главните сојузници на САД во борбата против џихадистичката група Исламска држава (ИД), па турската офанзива предизвика тензии во однсите меѓу Анкара и Вашингтон.

Актуелно