Connect with us

Македонија

СДСМ: Трајановски е најголемиот поттикнувач на загадувањето

Коце Трајановски ќе остане запаметен како градоначалник што нанесе најголема штета врз градот Скопје и неговото нормално функционирање.

Целокупното владеење на Трајановски, продолжената рака на Никола Груевски, беше на штета на граѓаните и градот и исклучиво за задоволување на криминалните апетити на Груевски, велат од СДСМ.

„Трајановски по нарачка на Груевски потроши стотици милиони евра за скапи и лоши проекти кои не го подобрија квалитетот на живот. Денес речиси никој не се сеќава на градската плажа, на палмите, на врбите во Вардар за кои Трајановски потроши милиони евра пари на граѓаните. Очигледно е дека овие, како и многу други пропаднати проекти служеа само за задоволување нечии криминални и бизнис-интереси.

Дополнително, Трајановски ќе остане запаметен како најголемиот поддржувач и поттикнувач на загадувањето во Скопје. Во двата негови мандата градот загуби илјадници квадратни метри зелен простор за на нив да се гради лажен барок, нефункционални катни гаражи и споменици. Со недејствувањето против аерозагадувањето, градоначалникот Трајановски го загрози здравјето на стотици илјади граѓани.

Трајановски ќе понесе одговорност за расипничкото трошење на народните пари и за загрозувањето на здравјето на граѓаните. На локалните избори граѓаните ќе го казнат неговото неодговорно, коруптивно и расипничко владеење и ќе изберат нова градска власт предводена од СДСМ што ќе работи домаќински, одговорно, отчетно и во интерес на граѓаните“, пишува во соопштението на владејачката партија.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно