Мотор удрил во автомобил, мотоциклистот починал

На 04.03.2018 година, околу 13.30 часот, на автопатот Скопје-Гевгелија, кај с.Удово, мотоцикл „Хонда CVR 1000“ без регистарски ознаки, управуван од Т.П. (40) од Кавадарци, удрил во задниот дел од патничко возило „Голф 4“ со бугарски национални и регистарски ознаки, управувано од А.Д.П. (20).

По ударот, возачот на мотоциклот со возило на Итна медицинскa помош бил пренесен во Медицински центар Велес каде била констатирана смрт.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Неготино.